Вести и настани

Еразмус+ проект „Techno Climate Change“ Мобилност во Португалија!

Објавено на

Денес во нашето училиште пред учениците ги презентиравме искуствата од Еразмус+ мобилноста во Португалија!

Проектот „Techno Climate Change“ (мај 2025 – април 2027), во кој учествуваат Португалија, Македонија, Грција и Турција, ја поврзува технологијата со заштитата на животната средина.

Од 21 до 25 септември 2026 година, наш домаќин беше модерниот образовен центар Escola Secundária Felismina Alcântara во Мангуалде. За време на посетата:

  • Учествувавме на STEM работилница со micro-bit и роботика, како и обука за одговорна примена на вештачка интелигенција (Универзитет во Ковиља).
  • Ја посетивме компанијата Sona Arauco каде учевме за одржливо производство и рециклирање.
  • Ги истраживме знаменитостите на Порто, Мангуалде, Costa Nova и Авеиро.

Мобилноста заврши со доделување сертификати за стекнатите знаења и новите европски пријателства.

https://kjpitu.edu.mk/wp-content/uploads/2026/11/Media1.mp4

Click to comment

Популарни статии

Exit mobile version