Што стои зад нашите одлуки кога купуваме, штедиме или планираме како да ги потрошиме парите? Токму ваквите прашања ја доближуваат економијата до нас и се повод за промоцијата на книгата „Економија на здравиот разум“.
Промоцијата ја организира СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп во соработка со Economic Fundamentals Initiative, под менторство на наставниците Весна Дворчанец и Даниела Мицеска.
Да разговараме за економијата преку изборите што ги правиме секој ден!