Благодарност до тимовите кои ги презентираа своите решенија, нивниот ентузијазам и желба да придонесат за своите локални заедници.
По спроведените презентации, членовите на жири-комисијата ги дискутираа и оценија сите презентирани решенија и едногласно одлучи дека за победнички тим од училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп, е избран тимот Biobin! Ова ќе биде тим кој со финансиска и менторска поддршка, ќе работи на спроведување на нивната идеја и ќе ја направи реалност.
Искрени честитки до победничкиот тим Biobin и учениците: Петар Димоски. Марко Ангелески , Сара Незарковска.
Честитки и до тимот кој го помина процесот и ги презентира нивното решение: Мелани Кулеска, Ива Колеска и Ева Ангелеска.
Она што ни следува е Саемот за социјални иновации кој ќе се одржи од 18-ти до 20-ти мај во Хотел Сириус- Струмица. За време на настанот, тимовите ќе работат на развој на прототипи за своите решенија, ќе се мрежат меѓусебно, ќе го планираат процесот на спроведување на решението, но и ќе имаат можност да ги презентираат своите решенија пред претставници на општините и други релевантни институции кои ќе бидат поканети да земат учество на настанот.
Тимовите се под водство на ментор: Камелија Јаневска , проф. Весна Дворчанец и проф. Даниела Мицеска