СОЕПТУ “КУЗМАН ЈОСИФОСКИ-ПИТУ“ ОД ПРИЛЕП ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ
Проектот “VRLearn360” (Project No: 2025-1-TR01-KA210-VET-000353696” е финансиран од страна Европската Комисија преку Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во Македонија.
Проектот се реализира во партнерство со училишта од Турција, Србија и Шпанија,. Во рамките на проектот треба да се реализираа мобилности во Србија и Шпанија.
Право на учество имаат:
наставници вработени во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп
наставници со одлични комуникациски вештини.
наставници кои имаат солидни познавања од областа на компјутерската технологија
наставници кои имаат солидно познавање на англискиот јазик
Сите наставници кои сакаат да се пријават за учество на овие мобилности да испратат свое CV во Europass формат и мотивационо писмо. Сите документи треба да бидат на англиски јазик. Потребните документи да ги испратат до координаторот на проектот на следната емаил адреса: mјoska.mimoza@gmail.com.
Трошоците за патувањето и престојот се покриени со средства од проектот.