Eco Bloom е АПСОЛУТЕН ШАМПИОН на Македонија – Европа, доаѓаме,,
Со неверојатна енергија, визија и храброст, ученичката компанија Eco Bloom го освои првото место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании, во организација на Junior Achievement Macedonia!
Победнички тим: Душко Илиески, Петар Чадамов, Изабела Слабакоска, Теона Слабакоска и Ивана Ѓуроска, под менторство на професор Цветанка Димоска.
Ова не е само победа – ова е доказ дека младите можат да создаваат промени, да рушат граници и да поставуваат нови стандарди!
Следниот чекор? Европската сцена!
Од 07 до 10 јули, ќе ја претставуваме Македонија во Рига, Латвија
Ова е нашиот момент. Ова е нашата приказна. И ова е само почеток!