Вести и настани

Национален натпревар „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“ за ученици од средни училишта

Објавено на

Честитки за сите 42 пријавени тимови (ученици и наставници-ментори) за учеството на Натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 година“. Благодарност за вложениот труд, одличните идеи и квалитетно разработените концепти, посветеноста, креативноста и знаењата – СИТЕ СТЕ ПОБЕДНИЦИ! Согласно правилата и критериумите на натпреварот, во полуфиналето влез обезбедија само најдобрите 20 тимови и нивните бизнис концепти.

Листата со полуфиналисти подредени по азбучен ред.

Полуфиналниот натпревар ќе се одржи на 25.04.2026, (сабота) со почеток во 10:00 часот, на Машински факултет Скопје (голем амфитеатар). 

На почетокот ќе се одржи јавно извлекување на редоследот на презентации. Секој тим ќе има по 5 минути да го презентира својот бизнис модел Канвас и потоа ќе следи сесијата за прашања и одговори, која ќе биде со траење, исто така, до 5 минути. Најдобрите 8 тимови ќе одат на финалниот дел од натпреварот во Кавадарци на 07.05.2026 година.

Click to comment

Популарни статии

Exit mobile version