Young GREENtrepreneurs

Репортажа со Душко Илиески

Објавено на

Учесник во првиот Хекатон одржан во Ирска

Во рамки на проектот GO GREEN ја посетив Ирска и ја доживеав како земја исполнета со зеленило. Запознав многу луѓе кои беа гостопримливи.

Времето што го поминав во Даблин беше прекрасно. Градот е многу зелен, со преубава и интересна архитектура. Улиците се широки и уредени, а секоја куќа има свој посебен шарм, особено со различно обоените врати. Луѓето се опуштени, а природата во парковите е навистина прекрасна. Бев пријатно изненаден и од времето што беше топло и тоа што насекаде имаше расцветани цвеќиња и дрва.

Секој парк што го посетив имаше нешто уникатно, и во секој дел од денот можеше да се најде нешто интересно за правење. Патувајќи со воз до Слајго, уживавме во преубави пејзажи со зелени полиња и овци што мирно пасеа. Кога пристигнавме во Донегал, бев воодушевен како едно толку мало градче може да биде толку убаво.

Следниот ден започна хакатонот, каде што запознав многу млади и возрасни луѓе кои сигурно ќе ги паметам долго време. Научив многу за културите на другите земји и стекнав нови пријателства. Работев во тим со одлична менторка и прекрасни учесници, кои сега ги сметам за свои пријатели.

Хакатонот беше одлично организиран и многу интересен. Презентирањето на нашата идеја преку глума беше една од најзабавните активности тој ден. Вториот ден учествував на три работилници од кои научив многу не само за сината економија, туку и за секојдневниот живот. Исто така, повторно имав можност да се запознам и да разговарам со многу учесници од различни земји.

Последниот ден беше посветен на финализирање и презентирање на нашите идеи, што беше многу возбудливо. И по завршувањето на хакатонот, дружењето продолжи сите се однесувавме како да ни е последна средба, уживајќи во секој момент заедно.

Во Хекатонот како ментори учествуваа професорите Весна Миланоска, Билјана Маркоска и Илчо Јорданоски како координатор на проектот.

Click to comment

Популарни статии

Exit mobile version