На 15 април, нашите ученици Матеј Трајкоски (I-3) и Сара Ристеска (IV-3) беа дел од иницијативата Social Day, која се спроведува низ цела држава.
Тие беа ангажирани во Комерцијална Банка – Филијала Прилеп, каде што поминаа еден работен ден и добија можност да стекнат реално работно искуство.
Концептот на Social Day е едноставен, но моќен: младите работат еден ден во локални компании, а дневниците што ги заработуваат се донираат во младинскиот фонд за поддршка на идни младински иницијативи.
Горди сме на Матеј и Сара за нивниот ангажман и придонес кон оваа благородна цел! Браво дечки!