Вести и настани

„Секоj Глас Вреди – Кажете НЕ! на Насилството”

Објавено на

СОЕПТУ „Кузман осифоски – Питу” – Прилеп „Секоj Глас Вреди – Кажете НЕ! на Насилството” учебна 2025/2026

Прва работилница успешно реализирана! „Стоп за навредите – заедно против вербалното насилство” На 02.03.2026, нашите ученици активно се вклучија во првата интерактивна работилница од инициативата. Преку игри на улоги, Kahoot квизови, анонимни прашалници и отворени дискусии за реални примери од секодневието, заедно истражувавме:

• Што точно претставува вербално насилство и зошто остава длабоки траги

• Како да го препознаеме ка себе и ка другите • Како безбедно да реагираме, да приавиме и да поддржиме пријател

• Како да градиме комуникациа базирана на почит Атмосферата беше исполнета со енергија, искреност и желба за промена – доказ дека младите ce подготвени да бидат дел од решението! Следат уште две работилници (за родители и наставници), како и подкаст епизоди и Reels со ученички гласови. Благодариме на сите учесници за храброста и ангажманот! Вашиот глас вреди – продолжете да го користите.

СОЕПТУ „Кузман осифоски – Питу” – Прилеп Ученички совет 2025/2026

Ученички правобранител

Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина” поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот „Промоциа на безбедна училишна средина” се спроведува од страна на Коалициата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граганско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕГАШИ” И СМАРТ АП – Лабораторија за Социални Иновации.

@coalitionSEGA

@mcgo.mcec.mk

@detskaambasadamegjashi

@ngosmartup #bezbednaucilisnasredina

Click to comment

Популарни статии

Exit mobile version