Средното општинско економско училиште “Кузман Јосифоски – Питу” од Прилеп постои уште од 1962 година. Денес во ова училиште се одвива настава чија цел е професионално определување на ученикот за да може правилно да ги развие сопствените работни способности и правилно да ја изгради својата личност.По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование.Во учебната 1955/56 година се роди идејата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата „Mирце Ацев“-Прилеп.Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956 год. во Прилеп се отвори средно економско училиште.Во наредниот период општествено политичките организации го определија името на училиштето „Кузман Јосифоски-Питу“. Во 1956 год. трговската комора на Македонија а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно,а со посебна одлука за поврзување на двете училишта која одлука се спроведе во учебната 1987/88год. започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар.Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска,правна и трговска насока.