Нашите ученици по повод 3 -ти Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, преку разни видео пораки упатија силна и моќна позитивна енергија која може да го промени секој ден.
“Сите сме исти и само фатени за раце може да го направиме овој свет наша посветла иднина”.
Денеска нашето училиште беше во знакот на 3 ти Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост под мотото “Сонуваме, менуваме”. Сите ученици од прва до четврта година беа активно вклучени во најразлични активности (презентација, драматизација, работилница) со една цел – подигнување на свеста, подобрување на секојдневната комуникација со лицата со попреченост и подобрување на инклузијата.