Поврзете се со нас

Вести и настани

Полуфиналen натпревар „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“ Машински факултет – Скопје, 25.04.2026

Со голема гордост објавуваме дека тимот од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп успешно учествуваше на Полуфиналниот натпревар „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026“, кој се одржа на 25.04.2026 година (сабота) на Машински факултет – Скопје.

Со својот иновативен проект BioSoap Paper, нашите ученици Петар Чадамов, Христијан Талески, Ивана Ѓуроска и Клара Бошеска обезбедија пласман во финалниот натпревар, кој ќе се одржи на 07 мај 2026 во Кавадарци.

Тимот беше под менторство на проф. Билјана Марковска и проф. Весна Дворчанец, чија посветеност и поддршка придонесоа за овој голем успех.

Упатуваме огромна благодарност до нашите ученици и нивните ментори за вложениот труд, креативност, знаење и достојното претставување на нашето училиште.

Им посакуваме многу успех и победа во финалето! 🎉👏

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани