За проектот и хакатоните како можност за ученици,млади луѓе и амбасадори на GO GREEN презентација пред учениците имаа координаторот Илчо Јорданоски и Билјана Марковска.
За учеството во првиот Хекатон впечатоци сподели Душко Илиески ученик во трета година.
Учениците од прва година Данило Јовановски, Клара Бошеска и Ивана Ѓуроска споделија искуство од учеството во проектот и како тие се квалификуваа за следниот Хекатон во Веспрем Унгарија. За да учествува ученик во проектот треба да се регистрира во https://www.youngreenhub.eu/ па потоа преку ресурсите https://www.youngreenhub.eu/courses/ да ги освои медалите кои се добиваат преку петте курсеви. За завршената активност се добива вреден сертификат од Еразмус+.
Сите ученици кои сакаат да се запознаат со HUB страната ви препорачуваме да се регистрирате бидејќи ќе најдете вредни ресурси во областа на зеленото претприемништво.
Тоа беше презентација на работата на тимот со проектот на ЕУ за млади луѓе и младински работници. Го презентиравме нашиот проект GO GREEN, објаснувајќи ги можностите што овој нов проект GO GREEN ќе им ги понуди на учесниците преку хакатони, HUB, веб-страница, поврзување со млади луѓе и професионалци со слични размислувања. Објаснувајќи ја важноста на зеленото претприемништво, со фокус на одржливи практики на учениците им нудиме нови можности за едукација.