Поврзете се со нас

Вести и настани

,,НајГЛАСни-2026,, организирано од ЛЕАД и фондација Конрад Аденауер.

Нашиот Ученички совет се пласира во финалето од шест најдобри училишта на натпреварот ,,НајГЛАСни-2026,, организирано од ЛЕАД и фондација Конрад Аденауер. Под менторство на професорите Емануела Николоска и Илчо Јорданоски учениците ја претставуваат ученичката заедница. Тимот е составен од ученичкиот правобранител Матеј Трајкоски, секогаш гласната Јована Мојаноска и нашиот докажан училишен поет Азра Тафоска. Натпреварот започна во Собранието на Р.С Македонија на состанокот со Клубот на младите пратеници. Учениците следните три дена ќе бидат сместени во Хотел Романтик Велес.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани