Нашите ученици со многу ентузијазам, креативност и желба за промени ја претставуваат својата ученичка компанија EcoBloom на натпреварот „Средношколец милионер“.
Помогнете им нивната идеја да се најде меѓу најдобрите 60 бизнис идеи на натпреварот!
EcoBloom е идеја која има за цел да придонесе за поздрава животна средина и поодржливо општество. Преку иновативен пристап, покажуваме дека и малите идеи можат да создадат големи промени и да придонесат за позелена иднина.
Гласајте за нашите ученици – идните средношколци милионери! Да покажеме дека токму од нашиот град, Прилеп, произлегуваат млади, амбициозни и креативни луѓе со идеи што можат да го менуваат светот. Да го направиме Прилеп горд град и да покажеме каков млад потенцијал поседуваме!
Гласањето е едноставно и брзо – потребно е само да ја внесете вашата e-mail адреса при регистрацијата.
Секој глас значи поддршка, охрабрување и чекор поблиску до остварување на една млада визија!
Да застанеме зад нашите ученици! Да гласаме за EcoBloom!