ФИНАЛЕН – Натпревар„Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 година“ за средните училишта Кавадарци 07 мај 2026 г.
Честитки до тимот BioSoap Paper, за посветеноста, тимската работа и инспиративна идеја !
Тимот BioSoap Paper , се пласираше во финалето на Натпреварот „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 година“ , со најдобрите 8 тимови и нивните бизнис концепти, каде сите се победници!
Со својот иновативен проект BioSoap Paper, учениците Петар Чадамов, Христијан Талески, Ивана Ѓуроска и Клара Бошеска учествуваа во финалето на 07 мај 2026 во Кавадарци.
Тимот беше под менторство на проф. Билјана Марковска и проф. Весна Дворчанец.