Поврзете се со нас

Вести и настани

УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА КАЈ РАБОТОДАВАЧ

Образовен профил: Економски техничар – дуална паралелка

Учениците од дуалната паралелка за образовниот профил Економски техничар стекнуваат практични знаења и вештини преку учење во реална работна средина.

Во Книговодствено биро „ДАТА ЕКОНОМИК“, под менторство на Даниела Анеска, учениците имаат можност да се запознаат со секојдневните работни задачи, книговодственото работење, обработката на документација и основните сметководствени процеси.

Преку непосредна практична работа, учениците ги поврзуваат теоретските знаења со практиката, развиваат професионални компетенции, одговорност, самостојност и тимска работа.

🌟 Знаење стекнато преку искуство – вештини за успешна иднина!

Благодарност до Книговодствено биро „ДАТА ЕКОНОМИК“ и менторот Даниела Анеска за соработката, посветеноста и поддршката во образованието на идните економски техничари.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани