Поврзете се со нас

Вести и настани

ПОВИК ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ УЧЕСНИЦИ

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО UPSHIFT: ЕКОЛОШКИ ПРЕДИЗВИК!
Те нервира загадениот воздух? Ти пречи што има премногу отпад во училиштето или во твоето маало?
Имаш идеја како да направиме нашата околина поздрава и поубава?
Приклучи се на UPSHIFT и претвори ја твојата идеја во вистинско еколошко решение!

ШТО Е UPSHIFT? UPSHIFT е програма за млади што сакаат да направат разлика во својата заедница
Ќе работиш со твој тим на вистински проблем поврзан со климатски промени, загадување,
отпад, енергија или заштита на природата, и ќе добиеш помош да го решиш!

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Ќе научиш како да идентификуваш и решаваш еколошки проблеми
Ќе добиеш поддршка и менторство за твојата идеја
Ќе се дружиш и работиш во тим со инспиративни врсници
Ќе научиш креативни и претприемнички вештини
Ќе бидеш дел од UPSHIFT КЛУБОТ – ученички клуб за одржлива иднина
Ќе ја направиш својата заедница поздрава и поодговорна кон природата!
Ќе добиеш СЕРТИФИКАТ за твоето учество
Имаш можност да освоиш 54000 денари за реализација на идеја

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Пријави се кај наставникот: Весна, Илчо или Даниела
Краен рок за пријавување: 26-02-2026 година
Програмата започнува: 27-02-2026 година

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани