Со цел одбележување на Неделата на детето – Светски ден за превенција од злоупотреба на деца, во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу се реализираше работинца од страна на стручната служба во училиштето, на тема „Емоции“ со учениците од прва година. Целта на работилницата беше да се поттикни емоционалната свест кај учениците која е прв чекот за градење на емоционална интелигенција, вештина што е многу важна за успех во животот на секој човек.