Поврзете се со нас

Вести и настани

ДС „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ЈА ПРИКАЖА СВОЈАТА НОВА ПРЕМИЕРА: „МАЃЕПСАН КРУГ“ – ПРОМЕНИ ГО МИСЛЕЊЕТО И ОСТАНИ НАДВОР

На 18 ти Октомври, по повод Европскиот ден против трговија со луѓе, ДС „Слободно Театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп ја прикажа својата нова премиера „Маѓепсан Круг“ во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.

Нашиот ученик Петар Јошески, еден од членовите на Новинарската секција при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ направи кратка статија од разговорот со проф.Билјана Тинтоска, која е режисер на претставата и ментор на драмската секција и Филип Стојаноски-автор на делото „Маѓепсан круг“.

Целта на овој проект е подигнување на свеста на населението за присилните малолетнички бракови и трговијата со луѓе. Тема со широк спектар и простор за дискусија. Приказни за сиромашни семејства кои си ги продаваат своите деца-најмилите за подобра егзистенција, за сурови родители кои тоа го прават од личен интерес, за деца кои немаат право на глас во семејствата и сѐ така до бескрај. „Од претставата извлековме многу поуки, како ние- учениците, така и возрасните“ – констатираше нашиот Петар еден од многуте ученици од нашето училиште , како и професори кои ја следеа претставата.

Во оваа претстава играа голем број на ученици кои можеби би биле идни актери, но секако би биле успешни луѓе. Се надеваме на добра соработка на драмските секции од двете училишта. Пред сѐ, им честитаме на учениците и менторите. За нас- учениците од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ ќе биде предизвик, да работиме, да се вложуваме и успешно да го претставуваме училиштето преку сите секции кои максимално се вложуваат и опстојуваат во него.

Статија на Новинарска секција.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани