Поврзете се со нас

Вести и настани

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1-ВИ НОЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 

На први ноември, во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во Прилеп, се одржа работилница по повод Светскиот ден на штедењето. Настанот беше насочен кон подигнување на свеста кај учениците за важноста на штедењето и одговорното управување со финансии. Во текот на работилницата, учесниците беа запознаени со основните принципи на штедењето, методи за рационално користење на ресурсите и техники за креирање личен буџет.

Покрај теоретскиот дел, работилницата вклучуваше и практични активности во кои учениците работеа во групи за да изготват свои планови за штедење, преку кои стекнаа подобро разбирање за тоа како правилно да ги распоредуваат своите приходи и трошоци. Професорот ги мотивираа младите да размислуваат за иднината и да развијат здрави навики за управување со финансии, кои ќе им бидат корисни во нивниот понатамошен живот.

Работилницата предизвика голем интерес и позитивна енергија меѓу учениците, кои преку интеракција и дискусии ги споделуваа своите идеи и предлози за тоа како да се штеди и рационално да се користат средствата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести и настани