Оваа недела нашето училиште беше во знакот на одбележување на 3ти Декември -Меѓународен ден на лицата со попреченост. Низ повеќе активности во кои беа вклучени учениците од прва до четврта година, го одбележавме овој ден под мотото ” Да расцветаме заедно”. Сепак нашите ученици упатија најсилна порака преку видеото “Приказна за различностите”, со цел да ги почитуваме и прифаќаме различностите за да создадеме инклузивно општество.