СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу ” од Прилеп денес со шест тимови од ученици во придружба на своите професори како ментори, учествуваше на натпреварот од областа на циркуларната економија, организиран од страна на Економскиот факултет во Прилеп, а жири комисијата беше од бизнис секторот. Во конкуренција на 22 тимови од сите средни училишта од Прилеп и дел од Битола, нашите ученици со своите иновативни идеи достојно го претставија училиштето. Тимот во состав од нашите ученици:
Сања Алексоска 3-5,
Леонтина Петреска 3-4,
Арнела Рамовиќ 3-3 и
Мартин Димоски 4-6, под менторство на професорката Цветанка Димоска го освои третото место и се пласира во финалето. Благодарност до Економскиот факултет во Прилеп за соработката. Продолжуваме понатаму!