Во склоп на проектот “Промоција на безбедна училишна средина”, во кој е вклучено нашето „Економско училиште – СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу” , во соработка со Coalition of youth organizations SEGA , а финансиран од Фондација Песталоци, учествуваме на размена на ученици во Детско село Песталоци во Троген, Швајцарија. Покрај ученици од Маједонија, учествуваат и нивни врсници од Србија и Полска. Темите се поврзани со свесност за детските права, ненасилство, прифаќање на разликите, инклузија и меѓусебно почитување.
Веруваме дека ќе им биде незаборавно позитивно искуство!