Со гордост објавуваме дека го освоивме првото место на Националниот турнир по Изборологија! Нашиот тим покажа одлични вештини во донесување одлуки, тимска работа и граѓанска одговорност. Благодарност до организаторите, менторите и сите што не поддржаа!
Ова е доказ дека младите имаат глас што менува !
Тимот од СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу предводен од професорката Емануела Николоска со учениците: Димитри Џокоски, Матеј Стојаноски, Анел Османоски, Феиме Османоска, Паце Крстеска, Андреј Башески, Елена Слабиѓореска, Симона Трајкоска, Јована Мојаноска, Ангелос Грегоријадис.
Честитки до учениците и менторот и им посакуваме уште многу успеси во иднина!