Оваа недела нашето училиште беше во знакот на одбележување на 3ти Декември -Меѓународен ден на лицата со попреченост. Низ повеќе активности во кои беа вклучени учениците од прва до четврта година, го одбележавме овој ден под мотото ” Да расцветаме заедно”. Учениците снимија видео по повод одбележувањето.
Ова инспиративно дело носи моќна порака за инклузија, прифаќање и заеднички раст. Преку креативност и тимска работа, учениците покажаа како различностите нè прават посилни.
Проследете го видеото во продолжение: