Повик за аплицирање за учество во проект во Бугарија
За реализирање на проект во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност финансирани од Европската комисија, СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп распишува повик за аплицирање.
Почнаа подготовките за третата мобилност со ученици во рамките на проектот “GO GREEN‚‚ кој се одвива преку организација на ЕКО хекатони.
Мобилноста ќе се реализира во ТРИАВНА, Бугарија во период од 4 до 9 ОКТОМВРИ 2026 год.
Право на аплицирање имаат ученици со примерно поведение и одличен успех, со одлични комуникациски и компјутерски вештини, со познавање на англиски јазик од сите профили кои учат во прва, втора, трета и четврта година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски -Питу“- Прилеп во учебната 2026/27 година. За мобилноста се предвидени два ученици.
Патот и сместувањето се обезбедени со средства од буџетот на проектот.
Заинтересираните ученици за да бидат во избрани треба да ги исполнат следните активности:
Сите заинтересирани ученици да изработат свое CV и мотивациско писмо на англиски јазик.
Потребните документи да ги испратат до координаторот на проектот од СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп – професор Илчо Јорданоски најдоцна до 17.08.2026 (понеделник) на следниот
е-маил:ilcoj@yahoo.com и да ги завршат активностите што се бараат за проектот.