Државната матура во четиригодишното средно стручно образование, освен тоа што претставува завршен дел на средното стручно образование, има за цел да послужи и за селекција на кандидатите при влез во високото образование.
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Државната матура се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
- Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
- Изборниот дел се состои од три наставни предмети. Како прв изборен наставен предмет ученикот избира: математика или странски јазик. Вториот изборен предмет гоизбира од понудена листана општообразовни наставни предмети Третиот изборен предмет ученикот го избира од понудена листа на стручни наставни предмети. Во реформираното техничко образование (модуларно дизајнирани наставни планови и програми) изборниот дел се состои од три дела. За првиот дел ученикот избира, изборен наставен предмет: математика или странски јазик. За вториот дел ученикот избира изборен предмет, од понудена листа на општообразовни наставни предмети. За третиот дел ученикот избира изборен пакет кој може да биде составен од еден или повеќе модули и еден или повеќе предмети, дадени во испитните програми за државна матура и завршен испит за секој образовен профил/квалификација. Називите на сите изборни пакети за секоја струка/сектор и образовен профил/ квалификација се напишани во Прилогот на Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование, истите се третираат како назив на предмет и како такви се запишуваат во педагошката евиденција и документација, односно во јавните исправи.
- Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за: -самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми; –самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија; -планирање и изведување на експерименти; -презентирање на добиените сознанија од проучувањето. Ученикот има право покрај четирите наставни предмети и проектната задача кои се пропишани да ги полага во рамките на државната матура, да избере и други, најмногу два предмети од листата на предмети за изборниот дел на државната матура. Овие дополнителни предмети на ученикот му овозможуваат пошироки предуслови за влез во високото образование.
- Начин на проверка на знаењата, умеењата и способностите на учениците Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за наставниот предмет од задолжителниот дел на државната матура се врши екстерно Екстерните испити од државната матура се полагаат електронски и/или писмено.
- Проверувањето и оценувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците за првиот изборен предмет се врши екстерно. Проверувањето на знаењата и способностите на учениците за вториот и за третиот изборен предмет се врши интерно.
- Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за изготвување и презентирање на проектната задача се врши интерно.
- Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на кандидатите за секој од двата дополнителни предмети се врши интерно.