Завршниот испит во четиригодишното средно стручно образование е наменет за учениците кои не се определиле за државна матура. Неговата улога е сертификатна.
Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Завршниот испит се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
1.Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
2.Изборниот дел се состои од еден стручен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети9. Во реформираното техничко образование (модуларно дизајнирани наставни планови и програми). Изборниот дел се состои од изборен пакет кој може да биде составен од еден или повеќе модули и еден или повеќе предмети, дадени во испитните програми за државна матура и завршен испит за секој образовен профил / квалификација и од понудена листа на стручни наставни предмети9.
3.Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.
Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за:
- самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми;
- самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија;
- планирање и изведување на експерименти;
- презентирање на добиените сознанија од проучувањето.
Начин на проверка на знаењата, умеењата и способностите на учениците Проверувањето на знаењата, умеењата и способностите на учениците и оценувањето за сите наставни предмети од задолжителниот и изборниот дел, како и проектната задача во рамките на завршниот испит, се врши интерно.
Испитните програми за испитите од завршниот испит се изготвуваат екстерно, а спроведувањето на испитите и оценувањето се изведува интерно и писмено од страна на училишни предметни комисии. По потреба, заради проверка на релијабилноста на оценувањето во различни училишта, одреден примерок на трудови може да бидат и екстерно проверени.